СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

1.Помош и нега во домот за стари и немоќни лица

Социјалната услуга Помош и нега во домот вклучува домашна нега и грижа на стари и немоќни лица од страна на сертифицирани и професионални негуватели, за секој оној којшто не е во можност да се грижи и функционира самостојно, но не сака да биде сместен во институција, туку сака грижата да ја добива во удобноста на својот дом. Оваа социјална услуга е овозможена во соработка и со поддршка од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Струга, а се реализира од страна на 20 сертифицирани и искусни негуватели коишто опслужуваат 50+ корисници на територија на градот Струга и околината.

Локално одговорно лице: Јасмина Лекоска, лиценциран психолог и лиценциран координатор

2.Лична асистенција за лица со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица

Оваа социјална услуга е посветена на воспоставување секојдневна лична асистенција и оспособување на лицата со попреченост за највисок степен на независност во исполнувањето на нивните интереси и потреби. Овие интереси и потреби  се поврзани со секојдневните активности и независното живеење, но можат да бидат и поврзани со работа или вработување, социјални релации, инклузивно партиципирање во заедницата итн. Услугата е овозможена во соработка и со поддршка од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а се реализира од страна на 19 сертифицирани лични асистенти коишто опслужуваат 15+ корисници на територија на градот Струга и околината.

Локално одговорно лице: Даниела Нестороска, лиценциран психолог и лиценциран координатор

ЦКРСМ Општинска организација Струга исто така организира и реализира професионални и сертифицирани обуки за негуватели и лични асистенти.

КОНТАКТ: Struga.socijala@redcross.org.mk

Sorry, nothing to display.

< врати се назад